За уставни измени – гаранции за македонскиот идентитет и јазик и права за Македонците во Бугарија
Додека Христијан Мицкоски е претседател на Владата нема да се случат уставни измени ако Македонците во Бугарија не ги добијат загарантираните права согласно меѓународното право и меѓународните конвенции и додека не се добијат гаранции дека во иднина државата нема да се соочува со опструкции и блокади од субјективни причини. Вака одговори премиерот Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања одговарајќи на прашање од пратеникот Скендер Реџепи околу уставните измени.