Тема: ГП Богородица

Хаос на границата со Грција: Седум ленти преполни, возачи велат дека со часови чекаат, застој во меѓуграничниот простор

Километарски колони од возила се создадени утрово на граничниот премин „Богородица“ кон Грција, каде што сите седум коловозни ленти се исполнети со автомобили кои чекаат за излез од државата.

(Фото): Хаос на граница пред продолжениот викенд

Повеќе од три илјади македонски државјани утринава ја поминале македонско-грчката граница на преминот „Богородица“, велат од МВР и додаваат дека на истиот граничен премин, до 10 часот, поминале над 11 илјади државјани на други земји. Од македонска страна, не е забележан застој на граничните премини на југоисточниот дел од земјата и додаваат дека се преземни мерки со ставање на функција на сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.

За влез во Грција се чека и до еден час

И утрово, голема гужва на ГП „Богородица“, каде што за излез од Македонија и влез во Грција се чека и до еден час. Ситуацијата е речиси иста како и секој викенд кога голем број граѓани одлучуваат да го искористат времето за патување кон грчките летувалишта. Најмногу возила има со македонски регистарски таблички, а метежот се […]

To top