Македонија

За влез во Грција се чека и до еден час

И утрово, голема гужва на ГП „Богородица“, каде што за излез од Македонија и влез во Грција се чека и до еден час. Ситуацијата е речиси иста како и секој викенд кога голем број граѓани одлучуваат да го искористат времето за патување кон грчките летувалишта. Најмногу возила има со македонски регистарски таблички, а метежот се […]

И утрово, голема гужва на ГП „Богородица“, каде што за излез од Македонија и влез во Грција се чека и до еден час.

Ситуацијата е речиси иста како и секој викенд кога голем број граѓани одлучуваат да го искористат времето за патување кон грчките летувалишта.

Најмногу возила има со македонски регистарски таблички, а метежот се очекува да продолжи во текот на денот.

Од друга страна, на граничните премини кон Србија, утрово се забележува значително помала фрекфенција на сообраќај, без подолги задржувања за влез или излез од државата.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

На припадниците на Армијата им оддаде признание за нивната професионалност, посветеност и подготвеност за исполнување на задачите, изразувајќи очекување дека и натаму ќе ги надградуваат своите способности и ќе ја оправдуваат довербата на граѓаните.

Мицкоски: Потврда за заложбите на Владата во туризмот се 1 милион туристи и три милиона преноќувања заклучно со август

Заклучно со август постигнат е приоритетот на Владата во делот на туризмот за 2026 година да имаме еден милион туристи и близу три милиона ноќевања. Што значи дека предвреме ќе ја постигнеме целта којашто сами си ја зададовме на почетокот на годината, истакна премиерот, коментирајќи ги податоците на ДЗС за растот на туризмот.

Емисиите од работата на „Титан Усје“ се под граничните вредности – Ако филтрите не работат производството запира

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Денес предадено во употреба новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во скопско Ченто со 30 училници – вложени околу 2,8 милиони евра

Новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во општина Гази Баба денеска свечено беше пуштен во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование Весна Јаневска, градоначалникот Бобан Стефковски, како и наставници, ученици, родители и граѓани.

To top