Тема: градоначалник на Чаир

Ѓорѓиевски: Голем инфраструктурен проект во Чаир – се реконструира „Лазар Трповски“, до крајот на 2026 и фреквентниот булевар „Цветан Димов“!

“Денес заедно со градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити го означивме почетокот на реконструкцијата на една од клучните сообраќајни артерии во овој дел од градот, улицата „Лазар Трповски“. Проектот е клучен, бидејќи значи поголема безбедност, ред и ново достоинство за граѓаните. Станува збор за целосна реконструкција со нов асфалт на двете коловозни ленти, изградба на стандардизирани тротоари, велосипедски патеки од двете страни, уредени паркинг-простори и современ систем за јавно осветлување. Ова е современо сообраќајно решение, кое ја става безбедноста на прво место – и на возачите, на пешаците, и на велосипедистите.“ – објави на својот фејсбук-профил градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски

Меџити против Османи: „Ти си за фотелја, ние за Чаир!“

Бујар Османи и ДУИ се целосно одвоени од реалноста и немаат интерес за граѓаните на Чаир. Ова го изјави кандидатот на коалицијата Вреди за градоначалник на Општина Чаир – Изет Меџити, во интервју за емисијата „Дебата на Шења“.

Меџити најави модерна противпожарна станица во Чаир

Првите вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денес го презентираше проектот за изградба на Територијална пожарникарска станица во Општина Чаир, инвестиција која ќе ја зголеми безбедноста и заштитата на животот и имотот на граѓаните.

To top