Тема: градоначалник на Кичево

ВМРО ДПМНЕ: ДУИ го прикрива срамот од Кичево на Фатмир Дехари, кој брутално ја злоупотребува моќта, понижува и сексуално злоупотребува жени!

Остра реакција на владејачката македонска партија околу невидениот сексуален скандал на постојниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари од редовите на ДУИ, со барање за негова моментна оставка и повлекување од јавниот живот.

Протекоа „жешки“ снимки помеѓу Дехари и вработена во општината

Скандал ја тресе општина Кичево. Објавени се аудио снимки на Фејсбук од извесен профил Ел Чека, а  од кои се сугерира дека актуелниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари е во врска со вработена во општината, веројатно од неговиот кабинет.

Предизборна провокација на Дехари кон Македонците: Нека се вее албанското знаме над Кичево, да се обединат и да се мобилизираат Албанците!

Дали се уште постојниот градоначалник на Кичево и кандидат на ДУИ за четврти таков мандат Фатмир Дехари смета дека овој град и општина се некаква „етничка сопственост“ на Албанците и на неговата партија? Бидејќи, организацискиот секретар на ДУИ и поранешен вицепремиер Артан Груби, сега веќе бегалец од правдата, на предизборен митинг на ДУИ во Кичево спроти локалните избори во 2021 година ќе каже: „Кичево е воен плен од 2001 година и Македонец не смее да биде градоначалник на Кичево!“

To top