Македонија

ВМРО ДПМНЕ: ДУИ го прикрива срамот од Кичево на Фатмир Дехари, кој брутално ја злоупотребува моќта, понижува и сексуално злоупотребува жени!

Остра реакција на владејачката македонска партија околу невидениот сексуален скандал на постојниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари од редовите на ДУИ, со барање за негова моментна оставка и повлекување од јавниот живот.

„Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Тој е симбол за брутална злоупотреба на моќта, за понижување на жените и нивна сексуална злоупотреба. Во јавноста излегоа снимки, кои ја откриваат одвратната вистина за градоначалнкот на Кичево, Фатмир Дехари: дека малтретирал и сексуално понижувал жени на работно место. Затоа тој треба веднаш да си поднесе оставка и да се повлече од јавниот живот!“ – реагира ВМРО ДПМНЕ

Во своето соопштение владејачката македонска партија натаму истакнува: Фатмир Дехари ја злоупотребил својата позиција и ова не смее да биде премолчено и неказнето. Ова е срам, навреда и понижување на секоја жена во државата без разлика на етничката припадност. И наместо оставка од Дехари и извинување, ДУИ се обидува да го прекрие скандалот нарекувајќи ги снимките како „фабрикувани материјали“ и „шпекулативни и монтирани снимки“ во обид да ја замајува јавноста.

Ефтин обид на ДУИ скандалот да го релативизира и да претвори во етничка прикаска. Тоа не поминува, јавноста ги слушна снимките. ДУИ да не ја потценува интелегенцијата на народот. Во тие снимки се слуша како вработените жени се принудени да го бакнуваат дури и да му седнуваат во скут на Дехари. Ова недолично и некултурно однесување на Дехари не заслужува никакво оправдување.

Дали ова е нивото, на кое падна ДУИ: да бранат и да поддржуваат функционери, кои сексуално малтертираат жени? Дали ова е нивото, дали почитта кон жената е празно слово во ДУИ? Што им порачуваат на жените и семејствата со ваквото однесување? 
Граѓаните на Кичево и целата македонска јавност не заслужуваат вакво однесување и ваков срам. Ниту една жена не смее да биде третирана како објект и на ваков начин. Не живееме во средниот век, сите жени, мајки и ќерки заслужуваат да бидат третирани со почит и да бидат заштитени.

Дехари веднаш да си поднесе оставка и да се повлече од јавниот живот. ДУИ и жените од ДУИ да го осудат ваквото однесување. Сите институции, политички партии и здруженија за заштита на жените да реагираат јасно и бескомпромисно. – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top