Тема: градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски

Ѓорѓиевски: Скопското Кале, еден од најзначајните културно-историски симболи на Скопје, ќе стане негова културна сцена

-Просторот добива нова, современа културна улога во служба на граѓаните, уметниците и посетителите на нашиот град. Скопското Кале е еден од најзначајните културно-историски симболи на Скопје. Тоа е сведок на нашата цивилизациска историја и нашата колективна меморија. Неговата реафирмација е јавен интерес и обврска кон идните генерации, да им оставиме град кој го почитува минатото, а храбро ја гради својата културна иднина, посочи Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски: Божиќ нѐ потсетува колку е важно да стоиме еден до друг, сплотени, со меѓусебно разбирање и топлина во семејството!

„Христос се роди! Божиќ е празникот што тивко нè собира околу највредното, семејството. Тој нè потсетува колку е света слогата меѓу најблиските, колку е важно да стоиме еден покрај друг, да се држиме заедно и безрезервно да си бидеме поддршка, и во радост и во искушенија.“ – порача во својата честитка по повод Божиќ градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски: Нема компромис со загадувачите – казнети се правни лица до 53 илјади евра, а десеттици граѓани до 500 евра!

„Денеска се одржа вонредна седница на Советот на градот Скопје, посветена на загадувањето на околинскиот воздух и неговите причинители. По подолго време за овие прашања се дискутира искрено и без политиканство, со цел да се преземат конкретни активности, а не само да се ставаат проблемите под тепих. Се согласувам со сите излагања на советниците. Овој проблем бара посветеност, конкретни акции и заедничка одговорност. Загадувањето не е проблем кој се решава преку ноќ, ниту е создаден од сегашниот систем, но сега е наша обврска да делуваме и да го направиме Скопје почист и поздрав за сите.“ – објави на својот официјален фејсбук-профил градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски: Скопје добива луна парк, еден од најдобрите во регионот, изграден според највисоки европски стандарди

„Луна-паркот ќе биде целосно приспособен и за лицата со попреченост, со најсовремени системи за безбедност, видео-надѕор и прва помош. На овој простор од 84 илјади квадратни метри ќе никне место, каде што семејствата ќе минуваат квалитетно време заедно, каде што ќе има зони за одмор, улична уметност, локации за културни настани и театар со затворена сцена.“ – објави на својот официјален фејсбук-профил градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

To top