Тема: избори

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

ЗНМ апелира до ДИК, општинските изборни комисии и МВР да обезбедуваат непречен пристап и услови за работа за новинарите и медиумските работници на сите избирачки места. Оттаму укажуваат дека за новинарите и медиумските работници во Македонија, освен новинарска легитимација од медиумот за кој новинарите известуваат, не е потребна посебна акредитација од ДИК за присуство и известување на избирачките места.

Отворено писмо до нашата генерација и изборот пред кој сме – пишува Луке Галески

На прагот сме на уште едни избори, и да не се залажуваме дека ова се избори само за патчето, улицата, маалото — ова се избори и за заедничката иднина и вредностите во кои силно веруваме, а кои изминатите децении ни ги одземаа, сите по малку.

СДСМ не нуди ниту проекти, ниту визија – туку се фокусира на црна кампања уште од првиот ден, рече Мицкоски

Мицкоски се осврна на тоа што го зборува Венко Филипче, при што додаде дека не може да поверува дека тоа го слуша за што нема ни логично објаснување зошто вака зборува, како човекот да е нов и како прв пат да се занимава со политика, а заборава дека беше главна перјаница заедно со неговиот ментор и гуру, Зоран Заев во претходните влади на СДСМ кога се ограбуваше и уништуваше Македонија.

To top