Тема: избори

Мицкоски: Опозицијата планира лаги, шпекулации, подметнувања

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за очекувањата од кампањата за локалните избори, изјави дека предвидува кампања полна со „шпекулации, конструкции, подметнувања и невистини“ од опозицијата и нивните малубројни поддржувачи.

ВМРО-ДПМНЕ објави нови 16 кандидати за градоначалници

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМЕН, донел одлука за Куманово и Центар да се поддржат кандидатите кои ќе бидат предложени од коалициската партија ЗНАМ. ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Извршниот комитет утврди 16 нови кандидати за градоначалници за локалните избори закажани за 19 октомври.

Мицкоски: Интригите и игрите од Зајас и Мала Речица нема да поминат

Еден човек ми вели го готвите ДУИ да ви биде партнер во владата. Мојот директен одговор е ДУИ уште долго ќе биде во опозиција, затоа што досега не научи ниту една лекција. Не ги ставивме во опозиција за да без ниту една научена лекција се вратат на власт. Тие таму припаѓаат со нивниот коалициски пајташ во криминалот и ударите по Македонија, СДСМ

To top