МО: Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес! Да не се нарушува угледот на Армијата на Македонија!
Во врска со неодамнешниот случај на заболени професионални војници од заразната болест шуга (scabies), од Министерството за одбрана на Република Македонија информираат дека болеста не потекнува од касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, како што тоа се пласира во јавноста. Министерството апелира да не се злоупотребува поединечен случај, за кој се наведува дека не е заразен во касарната, заради манипулирање на јавноста, со што се нанесува и директна штета на угледот на Армијата на Република Македонија.