Тема: Конгрес на ДУИ

Шабани: Огромното мнозинство од младите во РМ воопшто не се заинтересирани за темите, за кои зборува Али Ахмети, „доживотниот цар на ДУИ“!

„Без нови личности и визија, ДУИ се изложува на опасност да остане во опозиција долго време. Конгресот на ДУИ произведе незадоволство, а не реформи. Лошото во врска со Конгресот на ДУИ е тоа што не со замина Али Ахмети, кој е главниот виновник за поразот на ДУИ на локалните избори одржани во октомври. А тој сака да остане цар, самовладетел во ДУИ до својата смрт! Огромното мнозинство од младите луѓе во земјата, особено оние родени по Охридскиот договор, воопшто не се заинтересирани за темите за кои зборува Али Ахмети.“ – се нагласува во анализата, која е објавена во весникот на албански јазик „Бота сот“ од Приштина, Косово со наслов „Поделба во ДУИ по изборот на раководството на Конгресот“.

Меџити: Денешниот Конгрес на ДУИ беше фарса и „Куклен театар“, без да се одреди кој треба да одговара за поразот на изборите!

„Денес видовме рециклирање стари имиња, кои Конгресниот театар на ДУИ се обиде да ги претстави со ново пакување, нарекувајќи го реформа процесот на центрифугирање. Но, испрана облека не е нова облека!“ – реагираше градоначалникот на Чаир и еден од лидерите на коалицијата Вреди Изет Меџити во објавата на својот фејсбук-профил.

На конгресот на ДУИ ќе бидат избрани четворица потпретседатели како дел од „внатрешната реорганизација“ и со „амин“ на Ахмети

Кои се четворицата, за кои информативната агенција Илирија ИНА објави дека се „имињата, што се споменуваат најмногу, и се очекува да бидат избрани како нови потпретседатели на ДУИ“, со „веќе добиена поддршка и согласност од претседателот на партијата Али Ахмети“? Бајрам Реџепи е постоен потпретседател на ДУИ и нејзин кандидат за градоначалник на Тетово на неодамнешните локални избори. Еркан Арифи е постоен претседател на селската општина Липково, во Кумановскиот регион. Валдет Џафери е правник и од 5 април 2016 до 1 јуни 2017 година бил министер за правда на Македонија. Фатон Положани е постоен претседател на органокот на ДУИ во Струга и бил поранешен заменик-министер за транспорт во 2016 година.

ДУИ ќе усвои „стратегиски резолуции“ за „јакнење на унитарниот карактер на државата“, „враќање на довербата во институциите“, „евроинтеграција“ и „национален договор за напредок“!

„Демократската унија за интеграција денес ќе го одржи својот петти конгрес во Скопјe. Покрај кадровските промени и реорганизацијата на партиските структури, од овој конгрес ќе произлезат и четири стратегиски резолуции. Резолуциите ќе ги претстави во својот говор лидерот на партијата Али Ахмети.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“.

Елмир Емини од огранокот на ДУИ од Тетово бара оставка на „неморалните и оние, кои се обидуваат да ги оцрнат името на Тетово и нивната чест“!

„Раководството на ДУИ денес во тетовска Мала Речица расправаше за исклучително лошите резултати во вториот круг на локалните избори на 2 ноември. Одредено е до 20 декември 2025 година да се одржи конгрес на ДУИ, на кој се очекува оваа партија да ги направи првите измени, или да спроведе внатрешнопартиски избори.“ – објавија ТВ Алсат и „Порталб“.
Медиумите дополнуваат: По состанокот на партиското претседателство портпаролот Арбер Адеми дека „ДУИ не е одговорна за загубата во Кичево и Брвеница“ и ја обвини коалицијата Вреди за тоа. Според Адеми, партиското претседателство расправало и за коалицијата, што ја има ДУИ со двете крила на Алијансата за Албанците. „Таа коалиција продолжува и не се разговараше за нејзино можно распуштање.“ – посочи Арбер Адеми.

To top