Македонија

Елмир Емини од огранокот на ДУИ од Тетово бара оставка на „неморалните и оние, кои се обидуваат да ги оцрнат името на Тетово и нивната чест“!

„Раководството на ДУИ денес во тетовска Мала Речица расправаше за исклучително лошите резултати во вториот круг на локалните избори на 2 ноември. Одредено е до 20 декември 2025 година да се одржи конгрес на ДУИ, на кој се очекува оваа партија да ги направи првите измени, или да спроведе внатрешнопартиски избори.“ – објавија ТВ Алсат и „Порталб“.
Медиумите дополнуваат: По состанокот на партиското претседателство портпаролот Арбер Адеми дека „ДУИ не е одговорна за загубата во Кичево и Брвеница“ и ја обвини коалицијата Вреди за тоа. Според Адеми, партиското претседателство расправало и за коалицијата, што ја има ДУИ со двете крила на Алијансата за Албанците. „Таа коалиција продолжува и не се разговараше за нејзино можно распуштање.“ – посочи Арбер Адеми.

Членот на огранокот на ДУИ од Тетово Елмир Емини реагираше остро по поразот во Тетово: „Оставка на неморалните и оние, кои се обидуваат да ги оцрнат името на Тетово и нашата чест!“ Ова го објави информативниот порал на албански јазик „Тетова сот“.

Порталот ја пренесува изјавата, што ја даде Емини во овој контекст: „Да го зачуваме моралот на нашето Тетово. Ние, како жители на Тетово, не можеме да останеме рамнодушни кон губењето на моралот и човечкото достоинство. Не смееме да дозволиме некои темни гласови да го оцрнат името на Тетово. Да зборуваме со вистината. Да застанеме обединети, за да ги одбраниме моралот, почитта и вредностите, што нè прават луѓе. Бидејќи Тетово не е предмет за срам – Тетово е гласот на совеста, достоинството и надежта.“

Најнови вести од: Македонија

„Курир“: Уништени бугарските противмакедонски прикаски, режирани од ДАНС, дека „Бугарите“ Петрески и Николски биле „тепани оти имале бугарска самосвест“!

„Дали по неуспешната пародија и срам со Ива Михаилова, бугарските медиуми, теледиригирани од тајната бугарска служба ДАНС, влегоа во нова офанзива со вистински напад врз сетилата на сопствените граѓани, бедно обидувајќи се на секоја физичка пресметка во Македонија да ѝ накалемат бугарски предзнак?“ – пишува порталот во својата статија со наслов „ Во еден ‘Колегиум’ уништени две бугарски противмакедонски прикаски: Пропадна обидот Петрески и Николски да се претстават како „тепани Бугари“!“

Мицкоски: Со два посебни закона до поевтини домови за младите брачни двојки!

Најверојатно ќе одиме со два специјални закони во Парламентот кои што веќе се работат. Министерството за транспорт и мојот кабинет ги работат законите. Првиот закон, во кој што брачните парови до 35 години ќе се стекнат со право да добијат станбен простор кој ќе биде по цена од 20 % пониска од онаа просечната, пазарската, во таа катастарска општина, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Вонвременскиот поетски проглас на Рацин до Македонците од 1939 да се борат да им осамнат „Македонските мугри“, а не „Бугарските мугри со европски сјај“! (1)

 Во својата монументална стихозборка“ „Бели Мугри“, испечатена на денешен ден, на 25 ноември 1939 година во гратчето Самобор, близу Загреб, во Хрватска, Кочо Рацин ја испеа македонската мака, на македонските аргати и тутунари. Пред Европа и светот тој ја објави таа македонска мака, но и ги потврди високите книжевни и уметнички вредности на јазикот на македонскиот народ. Дваесет и петти ноември 1939 година не е само датум од историјата на македонската книжевност. Тоа е датум со длабоко национално, јазично, културно и политичко значење. Овој волшебник на македонската поетска реч и национален мислител од највисок ранг ја објавува својата стихозбирка со значење многу поголемо од книжевноста и во време кога  македонската национална индивидуалност била оспорувана, потиснувана и негирана од различните националистички и државни политики од Балканот.

Најнови вести

To top