Македонија

На конгресот на ДУИ ќе бидат избрани четворица потпретседатели како дел од „внатрешната реорганизација“ и со „амин“ на Ахмети

Кои се четворицата, за кои информативната агенција Илирија ИНА објави дека се „имињата, што се споменуваат најмногу, и се очекува да бидат избрани како нови потпретседатели на ДУИ“, со „веќе добиена поддршка и согласност од претседателот на партијата Али Ахмети“? Бајрам Реџепи е постоен потпретседател на ДУИ и нејзин кандидат за градоначалник на Тетово на неодамнешните локални избори. Еркан Арифи е постоен претседател на селската општина Липково, во Кумановскиот регион. Валдет Џафери е правник и од 5 април 2016 до 1 јуни 2017 година бил министер за правда на Македонија. Фатон Положани е постоен претседател на органокот на ДУИ во Струга и бил поранешен заменик-министер за транспорт во 2016 година.

„Се очекува Демократската унија за интеграција да направи значајни промени во своите раководни структури за време на Конгресот, што се одржува денес. Според информации од извори во партијата, неколку имиња веќе се во центарот на дискусиите за позициите потпретседатели. Изворите укажуваат дека Бајрам Реџепи, Еркан Арифи, Валдет Џафери и Фатон Положани се имињата, што се споменуваат најмногу, и се очекува да бидат избрани како нови потпретседатели на ДУИ.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

Меѓу нив се споменуваат имиња од Скопско и Дебар, кои исто така ќе бидат дел од раководната структура на ДУИ. Истите извори нагласуваат дека овие кандидати добиле поддршка и согласност од претседателот на партијата Али Ахмети.

Во рамките на овој процес, се очекува споменатите личности да бидат дел од новиот партиски Совет, кој ќе се формира по завршувањето на Конгресот. Овој чекор се смета како дел од внатрешната реорганизација на ДУИ и напорите за зајакнување на раководните структури на партијата.- објави ИНА

ДУИ ќе усвои „стратегиски резолуции“ за „јакнење на унитарниот карактер на државата“, „враќање на довербата во институциите“, „евроинтеграција“ и „национален договор за напредок“!

Ќе остане ли Али Ахмети лидер на интегративците?

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Околу 25 милиони евра годишно се давале на починати луѓе, обелодени премиерот

Мицкоски рече дека на годишно ниво од државниот буџет биле издвојувани повеќе од една милијарда, а можеби и до 1,5 милијарди денари за исплати на вакви корисници или околу 25 милиони евра.

Помалку одење по шалтери, електронски процедури и олеснувања за пациентите – усвоени нови правила за боледувања

Со измените се воведуваат повеќе конкретни олеснувања за осигурениците и матичните лекари, со цел да се намалат непотребните административни постапки и движењето на пациентите низ здравствениот систем.

Опомени и казни: Инспекцијата на терен во општина Карпош

Покрај опомените до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно одлагање на отпадот. Инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и почиста и поуредна општина.

Сопрено вакцинирањето во Македонија со вакцината БСЖ, се испитува случајот во Хрватска

Комисијата за имунизација во рамки на македонското Министерство за здравство (МЗ) заседавала по информациите од хрватските медиуми за несакани реакции од вакцина БСЖ, и во земјава се одложува привремено вакцинирањето со оваа вакцина, соопшти МЗ.

Стојаноски: Треба да си ептен наивен, за да мислиш дека ќе го смениме Уставот и нема да имаме натамошни пречки на патот кон ЕУ!

Како најмалуброен народ на Балканот треба да бидеме особено рационални и многу внимателно да ја поставуваме нашата стратегија, изјави претеникот Бојан Стојановски на гостувањето во „Колегиум“ на ТВ Алфа.

Над 4.500 лажни корисници на социјална помош: 25 милиони евра годишно се давале на починати, иселени и фиктивни лица!

Повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност за кои, според премиерот Христијан Мицкоски, било утврдено дека не требало да примаат средства, се откриени во досегашните проверки на системот.

To top