Тема: Конгрес

СПМ: Дрските предлози на ДУИ и Ахмети од позиции на великоалбанскиот шовинизам се насочени кон уривање на уставниот поредок и слабеење на државата!

„Социјалистичката партија на Македонија ѝ укажува на јавноста дека наместо унитарна ДУИ предлага нестабилна држава, во која малцинството ќе го подреди мнозинството и ќе предлага одлуки, што ќе ја блокираат државата, а се и против интересите за нејзин развој. Социјалистичката партија на Македонија се залага за правна и демократска држава на сите граѓани, согласно со Уставот и законите, што е веќе уредено и признато во меѓународни рамки. Секое барање надвор од тоа е против интересите на граѓаните, државата и на македонскиот народ, но и против системот. Тоа е надвор од законот и претставува и повод за институционална реакција!“ – наведува Социјалистичката партија на Македонија во својата жестока реакција кон предлозите и барањата на ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети, изнесени на нивниот денешен конгрес, одржан во Скопје.

Алсат: Наместо со темелни промени во ДУИ, Конгресот заврши со рокади во раководството, на истите имиња, од еден орган во друг!

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешниот конгрес изнел барање „да се поддржи предлог-законот на ДУИ за проверка (ветинг) со меѓународен надѕор како гаранција за бескомпромисна правда“ и во овие рамки да се спроведела „длабинска истага за сите носители на јавни функции во последните 34 години, за министри, заменици, градоначалници, директори, судии, обвинители и полиција“! Но, да се спроведе и „истрага за активностите на органите на државната безбедност и нивните функционери од 1945 година до денес на ОЗНА, УДБ, СДБ, ДБК, УБК, АНБ“! Дали можеби челникот на ДУИ сака да им се принесат на тацна и сите досиеја и сета архива на тајната полиција и безбедносните служби на Македонија од 1945 година до денес – нешто што го бара и Бугарија во рамки на “добрососедскиот договор“?! Со која цел ДУИ, произлезена од некогашната УЧК од 2001 година, и нејзиниот лидер Ахмети, како поранешен „врховен командант на УЧК“, сега бараат „длабински истражен увид“ во сѐ она, што го работеле безбедносните органи на македонската држава во изминативе 80 години?! Постои ли случајност, или некакво „симптоматично совпаѓање“ меѓу барањето на ДУИ и Ахмети и барањето на официјална Софија, која, исто така, како и ДУИ и Ахмети, пројавува „специјален интерес“ за сознанијата и активностите на безбедносните служби на Македонија по Втората светска војна сѐ до денес?!

„Стратегијата Македонија 2030“ е визија за модерна, стабилна и европска Македонија

Стратегија усвоена на Конгресот на партијата во Кавадарци „Ново поглавје – Македонија 2030“ значи визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија, со јасно дефиниран политички и развоен правец за следната деценија, изјави Антонијо Милошоски пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонската економија мора да излезе од историската замка на ниски плати и евтина работна сила, рече Мицкоски

Македонската економија мора да излезе од историската замка на ниските плати, евтината работна сила и ограниченото производство. До 2030 година, земјата мора да направи структурен премин, од економија на евтина продукција кон економија на знаење, високи компетенции и додадена вредност, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски: „Македонија 2030“ е визија за стабилна, продуктивна, правична и европски позиционирана држава

Периодот 2025–2030 е стратешка раскрсница за државата во свет на променети геополитички рамнотежи, нови економски модели и еволуирани демократски стандарди, Македонија може да напредува само ако има политичка сила што води со јасна визија и со чувство за историскиот момент, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот партиски Конгрес

Меѓународна поддршка: Македонија има раководство што знае каде оди

Ова е најсилниот меѓународен „ветер во грб“ што ВМРО-ДПМНЕ го добила на партиски конгрес во последната деценија, сигнал дека Македонија повторно се позиционира како земја со предвидлив политички курс и европска ориентација

To top