Македонија

Ахмети „гори од љубов“: Ја сакам Македонија колку што ја сакаат Бучковски и Црвенковски!

„Секој што се обидува да ги уништи албанскиот јазик и правичната застапеност треба да ги држи рацете подалеку од Охридскиот договор!“ – кажа во заканувачки тон лидерот на ДУИ Али Ахмети во расправата за 25 години од Рамковниот договор.

„Не треба да прибегнуваме кон фолклор и емоции, туку секој треба да размислува и да работи на тоа како да живее во мир, стабилност и безбедност. Заедничкиот интерес треба да биде напредокот и интеграцијата на земјата во Европската Унија.“ – посочи Ахмети. Тој изнесе тврдење дека „ја сака Македонија затоа што е негова земја, земја на неговите баба и дедо и прабаба“ и додаде дека ја сака Македонија колку што ја сакаат и Владо Бучковски, Бранко Црвенковски и Христијан Мицкоски.

„Бучковски, ја сакам Македонија колку што ја сакате и вие.Ова е мојата земја, мојот дедо, прадедо, баба и прабаба се тука, колку што ја сака Бранко Црвенковски, колку што ја сака Христијан Мицкоски. Затоа подалеку од Охридскиот договор, кој и да се обидува да го уништи албанскиот јазик, да ја уништи правичната и соодветната застапеност. Достигнувањата со Охридскиот договор, гарантирани се од САД, ЕУ и НАТО, за тоа работевме заедно 20 години, не велам дека тоа е само резултат на Албанците, не велам дека само Албанците победиле со Рамковниот договор, победи и македонската нација!“ – рече Али Ахмети во дискусијата, на која како говорник учествуваше поранешниот премиер Владо Бучковски.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top