Тема: лидерска средба

Мицкоски: „Безбеден град“ почнува од 1 февруари – Во рамки на редовни средби со лидери на партии ќе се сретнам и со Ахмети

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека вчера во Собранието се одржал состанок на ниво на координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во врска со законот за прекршоци и оти некои работи, кои биле нејасни за ДУИ, биле разјаснети поради што очекува тој да биде донесен на следната собраниска седница и „Безбеден град“ да почне непречено да се применува од 1 февруари. Мицкоски не прецизира кога би имал средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како што беше најавено по лидерската средба во средата, туку само изјави дека одржува средби со лидерите на повеќе политички партии и оти во тие рамки би се одржала и средбата со Ахмети.

Мицкоски: Компромис за Законот за прекршоци, а за техничката влада сме согласни да се укине

„Денеска јавноста беше сведок на поинаков пристап на решавање на отворени прашања, нешто што можеби не се случувало во изминатите 35 години државност, а тоа е преку плодна дискусија во оваа лидерска средба и во дебата, која во одредена мерка беше полна со предлози и идеи.“ – изјави денеска претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој истакна дека средбата била конструктивна. „Голем дел од отворените прашања се отворија. За поголем дел од тие поголеми отворени прашања имаме исто мислење и заеднички јазик, за еден дел, нормално, позициите ни се разликуваат. Но, она, што за мене важно е преку една ваква дискусија, во која што сите чинители присутни на оваа лидерска средба, кажаа јавно дека таа средба била конструктивна.“ – нагласи Мицкоски. „Македонските граѓани во овој период на празници можеа да видат поинакво однесување од политичките чинители, зрело и конструктивно однесување, кое значи надминување на проблемите.’ – додаде тој.

Лидерска средба утре во Клубот на пратениците за реформските закони, укинување на „Пржинската влада“ и други актуелни политички теми

Во Клубот на пратениците утре ќесе одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието, на која, како што е најавено, ќе се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на учесниците на средбата.

ВМРО ДПМНЕ: Филипче одбива дијалог, заради градење политички консензус за државните интереси

„Венко Филипче не одбива само лидерска средба, Филипче одбива дијалог и подадена рака за градење политички консензус за државните интереси. Затоа што тема на лидерската средба, на која Филипче одбива да биде дел, ќе се разговара за реформските закони кои се дел од реформската агенда за ЕУ која има за цел унапредување на економскиот раст и стабилноста на државата.“ – реагира владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ.

“Незрело”: Мицкоски за одбивањето на Филипче да присуствува на лидерска средба

Реакцијата на Мицкоски доаѓа по прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој рече дека нема да има средба за техничката влада откако премиерот најави дека ќе упати покани до парламентарните политички партии за лидерска средба.

To top