Тема: Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ)

МАЕИ: Ланската 2025-та, година на борба за одбрана на македонскиот национален идентитет и јазик на Македонците во Албанија

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) го објави Годишниот извештај за својата активност во 2025 година, во кој детално се прикажани активностите, предизвиците и политичките позиции на единствената македонска политичка партија во Република Албанија. Во извештајот се нагласува дека 2025 година била една од најтешките, но и најзначајните години за МАЕИ и за македонската заедница во Албанија, обележана со засилени асимилаторски притисоци, медиумски напади и судски постапки насочени кон замолчување на партијата. „Посебно внимание е посветено на континуираните активности на Република Бугарија за негирање на македонскиот идентитет и обидите за институционална маргинализација на МАЕИ“ – стои во извештајот.

МАЕИ со повик до Македонците во Албанија да се самоизјаснат како она што се – Македонци

„Самоизјаснувањето како Македонци не е само законско право, туку и чин на граѓанска и национална одговорност, кој го зајакнува нашиот колективен глас и ја обезбедува иднината на идните генерации. Заедно, со храброст, свест и доверба, да придонесеме во изградбата на поправично, посеопфатно и подемократско општество, во кое македонскиот идентитет во Албанија ќе се почитува, ќе се признава и ќе се поддржува – порачува Македонската партија Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во повикот до Македонците во Албанија.

To top