Македонија

МАЕИ: Ланската 2025-та, година на борба за одбрана на македонскиот национален идентитет и јазик на Македонците во Албанија

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) го објави Годишниот извештај за својата активност во 2025 година, во кој детално се прикажани активностите, предизвиците и политичките позиции на единствената македонска политичка партија во Република Албанија. Во извештајот се нагласува дека 2025 година била една од најтешките, но и најзначајните години за МАЕИ и за македонската заедница во Албанија, обележана со засилени асимилаторски притисоци, медиумски напади и судски постапки насочени кон замолчување на партијата. „Посебно внимание е посветено на континуираните активности на Република Бугарија за негирање на македонскиот идентитет и обидите за институционална маргинализација на МАЕИ“ – стои во извештајот.

МАЕИ посочува дека и во 2025 година останала доследна на својата принципиелна политика – одбрана на македонскиот национален идентитет, јазик, култура и историско наследство, како и борба за целосна примена на европските стандарди за малцински права во Албанија. Извештајот содржи и осврт на правната и институционалната борба на партијата, вклучително и судскиот процес во Корча, кој, според МАЕИ, претставува обид за политички притисок врз нејзиното раководство.

МАЕИ во извештајот ја реафирмира „својата определба за немешање во внатрешните политички и изборни процеси во Република Македонија”, но истовремено упатува „јасен повик до институциите во Скопје за проактивна и трајна грижа за положбата на Македонците во Албанија, како неотуѓив дел од македонскиот народ”.

Партијата нагласува дека ќе продолжи со институционална, правна и меѓународна активност за заштита на правата на Македонците во Албанија и апелира до албанските и меѓународните институции да спречат политичка инструментализација, асимилација и негирање на македонскиот идентитет. – И покрај сите притисоци, МАЕИ останува цврста, принципиелна и непоколеблива во својата мисија – да биде глас, штит и столб на македонскиот идентитет во Албанија – се наведува во годишниот извештај на МАЕИ за минатата година.

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top