Тема: македонска државност

Мицкоски: Стратегиска линија на ВМРО-ДПМНЕ е дека националниот идентитет не е предмет на преговори! – Обврска е да се зачува континуитетот на македонската државност!

„Визијата за современа Македонија почива на јасни принципи: држава што го чува својот идентитет; држава што ја брани својата суверена позиција; држава што ја гради својата европска перспектива врз основа на партнерства, реформи и достоинствено претставување. Наследството на борбите за слобода, јазик, државност и културна самобитност создава три обврски за денешната генерација: да се зачува континуитетот и достоинството на македонската државност и идентитет; да се модернизира државата така што ќе биде отпорна на надворешни притисоци и внатрешни слабости и да се спречи злоупотребата на историјата за дневнополитички цели.“ – нагласи лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во својата реч на денешниот конгрес на ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци.

Денес во Кавадарци Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: отворање ново поглавје на опстојот и развојот на македонската држава со „Стратегија Македонија 2030“

„Стратегијата Македонија 2030“ ја дефинира улогата на ВМРО-ДПМНЕ токму во таа насока: партија што предвидува, а не следи; партија што гради систем, а не мандат; политичка сила што поставува долгорочна архитектура на државата. Како генерација ние мораме да обезбедиме стабилна и просперитетна иднина на поколенијата, што доаѓаат. Сега е нашето време да ја ставиме својата цигла во нашиот заеднички дом – Македонија. ВМРО-ДПМНЕ повторно е прва политичка опција која го трасира патот кон иднината. Следуваат нови победи за Македонија и добра иднина за сите.“ – соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

To top