Тема: Мијалков

Државата ги продаде акциите на Сашо Мијалков во Алта банка

Од октомври Алта банка од Србија е новиот сопственик на Стопанска банка Битола. Понудата ја прифатија 262 акционери. Тие продадоа вкупно 344.420 хартии од вредност, што претставува 88,09 отсто од акционерскиот капитал. Банката од Белград понуди по 3.777 денари за акција издадена од Стопанска банка Битола. Потребно беше да се продадат најмалку 273.795 акции, односно 70,03 отсто од вкупно издадените 371.538 обични акции со право на глас.

Вреди: Парите на Мијалков, преку фамилијата на Али Ахмети, завршуваат кај режимот на Александар Вучиќ

Веќе неколку дена јавноста е сведок на најголемата политичко-финансиска афера во поновата историја, афера која целосно ги разголе маските на ДУИ и Али Ахмети. Нивниот молк е најгласното признание. Пред цела Македонија се обелоденија непобитни докази за криминалната и антиалбанска спрега: Мијалков – Ахмети – Вучиќ, се велат од ВРЕДИ.

Полагал испити за Груевски, му удрил бокс на Мијалков, тврди човекот кој спречил грабеж на државен имот (ВИДЕО)

Полагал испити за Груевски, му удрил бокс на Мијалков, тврди Јордан Ристовски кој спречил грабеж на државен имот како стечаен управник на некогашниот тутунски гигант Македонија Табак.   Ристовски кој беше осуден и лежеше затвор за наводен криминал е единствениот Македонец кој успеал да повтори судење и да докаже дека е невин.   Интервјуто за […]

To top