Ѓорѓиевски по повод повторно отворената Народна канцеларија на претседателот на Македонија: Институциите мора да бидат блиску до народот!
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски информира преку објава на општествените мрежи дека е отворена повторно Народната канцеларија на претседателот на Република Македонија во центарот на Скопје. Тој посочи дека на покана на претседателката Гордана Силјановска Давкова присуствувал на отворањето на канцеларијата, која, како што наведе, претставува важен чекор кон поотворени институции и директна комуникација со граѓаните.