Македонија

Сиљановска-Давкова ги прими волонтерите ангажирани во Народната канцеларија на претседателот

Претседателката со напор сите млади од Македонија дома да ја планираат и доживеат иднината

Ми беше чест да се сретнам и да разговарам со десетте млади волонтери кои преку јавен повик се ангажирани во Народната канцеларија на претседателот во центарот на Скопје, објави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по денешната средба во вилата Водно .

,,Секој од нив има не само импресивно CV, туку и зрачи со уникатна, инспиративна енергија. Разменивме мислења на различни теми, важни за нивните врсници и споделивме идеи за низа проекти.

Верувам дека искуството што ќе го стекнат во соработката со нас, ќе биде вредно не само за нивната лична и професионална надградба, туку и за македонското општество и држава”, објави претседателката која посакува десетте млади волонтери и сите млади од Македонија дома да ја планираат и доживеат иднината.



Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top