(Фото): Од корен се уредува плоштадот „Македонија“, се менуваат плочки, се чистат фонтаните
На плоштадот ‘Македонија’ се заменуваат скршените и пропаднати плочки, фонтаните што подолго време беа оставени на забот на времето повторно ги враќаме во функција, а пристапните патеки конечно ќе престанат да бидат предизвик и мачнина за граѓаните. Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град, токму таков како што го паметиме и каков што сакаме да го оставиме за идните генерации, рече градоначалникот.