Посмртно одликуван д-р Анастас Коцарев за исклучителен придонес во медицината и борбата за независна Македонија
На свечена церемонија во Скопје претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска – Давкова посмртно го одликува д-р Анастас Коцарев со Орденот „Илинден 1903“ за неговиот исклучителен придонес во медицината и борбата за независна Македонија. Од името на семејството и на Здружението на заборавени Македонци Соња Коцарева-Трпезановска нагласи дека признанието е чин на враќање на Коцарев во македонскиот Пантеон на вечноста.