Македонија

Посмртно одликуван д-р Анастас Коцарев за исклучителен придонес во медицината и борбата за независна Македонија

На свечена церемонија во Скопје претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска – Давкова посмртно го одликува д-р Анастас Коцарев со Орденот „Илинден 1903“ за неговиот исклучителен придонес во медицината и борбата за независна Македонија. Од името на семејството и на Здружението на заборавени Македонци Соња Коцарева-Трпезановска нагласи дека признанието е чин на враќање на Коцарев во македонскиот Пантеон на вечноста.

Коцарев, роден во Охрид во 1890 година, бил еден од пионерите на радиотерапијата и радиографијата, соработувал со нобеловката Марија Кири и истовремено активно се залагал за македонската кауза преку студентските и политичките друштва во Швајцарија и Франција. Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека признанието ѝ е повеќе потребно на државата отколку на Коцарев.

– Нам ни е повеќе потребна наградата одошто нему, оти медицинскиот великан и луцидниот општественикот со блескав ум, кој бил далеку пред времето, ја легитимира малата држава како негова татковина на научникот од светски глас, со којшто се гордееме, кого го почитуваме и го наградуваме – рече таа.

Сиљановска-Давкова додаде дека личноста на Коцарев е симбол на спојот меѓу науката и патриотизмот. -Коцарев е синоним за содејство меѓу прекрасниот ум, продорната мисла и храброто дејствување. Тој не е само македонски, туку и француски, швајцарски и светски научник. Со оваа посмртна награда и со обележјето на куќата, во која што е роден, ќе го вратиме Анастас Коцарев дома. А Охрид ќе добие уште еден великан – дополни претседателката на Македонија.

Од името на семејството и Здружението на заборавени Македонци Соња Коцарева Трпезановска нагласи дека признанието е чин на враќање на Коцарев во македонскиот Пантеон на вечноста.

-Денес овде кога душата ни е преполна со радост и гордост што присуствуваме на овој настан со кој после долги години се оддава највисока почест на еден светски признат научник и голем патриот, ние потомците на д-р Анастас Коцарев одлучивме овој орден да го отстапиме на музејот во Охрид заедно со неговата слика со оригиналниот потпис. Иако долги години работеше во Швајцарија и Франција, неговата најголема желба беше да се врати во Охрид. Се надевам дека понатака државата ќе направи напори за негово конечно враќање во Македонија, во неговиот сакан Охрид, каде што секоја година достоинствено ќе чествуваме – посочи таа.

Орденот „Илинден – 1903 година“ е едно од високите државни одличја на Република Македонија, кое го доделува претседателот на државата. Востановен е во чест на Илинденското востание од 1903 година и се доделува за исклучителни заслуги во борбата за национално и социјално ослободување, за придонес во изградбата на државноста, суверенитетот и независноста, како и за јакнење на општествениот и државно‑правниот развој. Орденот може да се додели и посмртно.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top