Македонија

Села бара избирање влада со Бадентер

За да биде легитимна, владата треба да добие и над половина од гласовите на пратениците од немнозинските заедници, смета тој

За лидерот на партијата Албанска лига, Зијадин Села, една од опциите за да ѝ се даде легитимитет на која и а да е влада во Македонија е таа да се избира според Бадентеров принцип, односно за неа да гласа и над половина од пратениците од немнозинските заедници.

„Правото ‘победник со победник’ треба да биде преточено во ‘мандатар со победник’, за да се направи договор. Постојат многу решенија, ама ако поаѓаме од системот кој ние го имаме изградено, еден механизам што може да се преточи за да добива значење и да не биде само желба на мандатарот кого ќе земе би било гласање на Владата со Бадентер. Сите кои сакаат да одат на избори без да се реши прашањето на легитимноста и ако се базираат само на даден збор или на жими мајка ќе грешат длабоко. Гледам дека ДУИ веднаш сака да оди на избори, ама тоа на мене ми звучи како: ‘Дајте, земете нè нас во власта бидејќи ние ќе бидеме попослучни од ВЛЕН. Такви избори и такви политички партии на власт не им требаат на Албанците“, изјави Села во „Само интервју“ на Канал 5.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски во Берлин на собир на ,,Коалицијата на волните”

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир

АмЧам: Реформите, иновациите и меѓународните стандарди предуслов за подобра здравствена заштита

Американската стопанска комора во Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.

To top