Во Загреб претставување на „Магичниот круг на детството” од Татјана Гогоска во рамки на проектот „Македонскиот јазик е најголемата културна татковина без граници“
Во Македонскиот културно-информативен центар (КИЦ) во Загреб вечерва ќе се одржи претставување на книгата „Магичниот круг на детството ” од авторката Татјана Гогоска. Ова претставување се одржува во рамки на мултимедијалниот проект за деца „Магичниот круг на детството“ на „КАТ Продукција“, кој се реализира од 16 заклучно со 19 април во Македонскиот културно-информативен центар во Загреб под мотото: „Македонскиот јазик е најголемата културна татковина, која нема граници. Затоа многу значаен елемент е живеењето на јазикот меѓу генерациите, што не се во Македонија, туку живеат во други држави.“