Тема: СЕПА

ALTA Банка овозможи SEPA кредитни трансфери

Од денес, АЛТА банка АД Битола официјално овозможи извршување и прием на SEPA кредитни трансфери, со што на своите клиенти им нуди побрзи, поекономични и стандардизирани плаќања во евра кон и од земјите членки на Единствената област за плаќања во евра (SEPA).

Поевтини евро-плаќања од 9 декември – СЕПА влегува и во државната каса

По пристапувањето на нашата земја кон СЕПА, со што за граѓаните и за компаниите веќе се овозможени побрзи, побезбедни и поевтини плаќања во евра, Народната банка како банкар на државата им овозможува и на државните институции да ги користат придобивките од СЕПА. На овој начин, ќе се овозможат значителни заштеди за државата и за државните институции при извршувањето на прекуграничните плаќања во евра со четириесетте земји членки на СЕПА.

Западен Балкан гради „клон“ на европскиот систем за инстант плаќања

Во фокусот на 16. Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура, што на 28 и 29 октомври ќе се одржи во Охрид, во организација на Народната банка и Централната банка на Холандија, ќе бидат системите на плаќања во дигиталната ера.

Направени првите трансакции преку СЕПА, за гувернерот ова е историски ден за државата

Гувернерот на Народната банка на Македонија, Трајко Славески, го оцени денешниот ден за историски откако, како што рече, се направени првите трансакции преку Единствената област за плаќање во евра (СЕПА).

Одобрена апликација на УНИБанка за шемата СЕПА кредитен трансфер од страна на Европскиот совет за плаќања

Апликацијата на УНИБанка АД Скопје за СЕПА кредитен трансфер шемата е одобрена од Европскиот совет за плаќања и Банката ќе биде вклучена во Регистарот на учесници за СЕПА кредитен трансфер на 08 август 2025 година. Во периодов Банката интензивно работи на сите неопходни процеси со цел техничка интеграција, со цел да им ја овозможи на […]

To top