Бизнис

Од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните преку СЕПА системот

Започнувајќи од 7 октомври 2025 година, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) побрзо и поевтино.

Започнувајќи од 7 октомври 2025 година, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) побрзо и поевтино. Историскиот чекор којшто се направи кога Европскиот совет за плаќањата го прифати барањето на нашата земја за приклучување кон СЕПА им овозможи на домашните банки да се интегрираат во европските платежни шеми во кои учествуваат давателите на платежни услуги од уште 40 земји.

Девет банки веќе се целосно подготвени да започнат со извршување плаќања во рамките на шемата за кредитни трансфери СЕПА на почетокот на октомври 2025 година. Согласно објавениот календар на Европскиот совет за плаќања, од 7 октомври 2025 година, плаќањата ќе бидат овозможени преку „НЛБ банка“ АД Скопје, „Стопанска банка“ АД Скопје, „Комерцијална банка“ АД Скопје, „Шпаркасе банка“ АД Скопје, „Халк банка“ АД Скопје, „Прокредит банка“ АД Скопје, „ТТК банка“ АД Скопје, „УНИ Банка“ АД Скопје и „Централна кооперативна банка“ АД Скопје. Останатите три банки интензивно работат на интеграцијата во оваа шема на СЕПА и се очекува дека ќе завршат најдоцна до крајот на првиот квартал од 2026 година, согласно рокот утврден со одлука на Народната банка.

Според објавените официјални тарифи на овие 9 банки, плаќањата во евра со земјите од СЕПА се повеќекратно поевтини во споредба со постоечкото кореспондентно банкарство. Притоа, банките нудат пониски надоместоци за електронските плаќања во споредба со плаќањата на шалтерите.

Граѓаните ќе им плаќаат на банките во просек за шестпати помалку за електронско плаќање на износ од 500 ЕУР кон земјите од СЕПА, коешто чини околу 260 МКД наспроти 1600 МКД колку што плаќаат во моментов преку кореспондентното банкарство. За приливите во евра на истиот износ од земјите во СЕПА, граѓаните ќе плаќаат во просек двојно помалку, односно 140 МКД наспроти 280 МКД преку кореспондентното банкарство.

Трошоците на компаниите кон банките исто така значително се намалуваат. Така, за плаќање во евра кон земјите во СЕПА на износ од 20.000 ЕУР, компаниите ќе плаќаат во просек за осумпати помалку, односно надоместокот ќе изнесува околу 570 МКД наспроти 4.740 МКД преку кореспондентното банкарство. За приливите во евра на истиот износ од земјите во СЕПА, компаниите ќе плаќаат во просек тројно помалку, односно околу 390 МКД наспроти 1.180 МКД преку кореспондентното банкарство.

Народната банка и Македонската банкарска асоцијација ги повикуваат граѓаните и компаниите да ги користат придобивките од подготвеноста на банките за извршување на плаќањата во СЕПА од 7 октомври, при што во интерес на ефикасноста ги охрабруваат сѐ повеќе да ги користат дигиталните канали.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): ТЕЦ „Неготино“ повторно ќе произведува струја, рече премиерот

Премиерот тврди дека струјата од ТЕЦ „Неготино“ би чинела од 170 до 175 евра за мегават-час. За три години е предвиден ископ и транспорт на три милиони тони јаглен од Косово, а ЕСМ подготвува набавка на 45.000 тони мазут.

Камата 4,6%, рок до 1 декември – Граѓаните можат да запишат обврзници од 10.000 денари

Четвртата емисија на Граѓански обврзници предвидува каматна стапка од 4,6 отсто и рок на достасување од две години. Запишувањето се врши во деловните банки, а аукцијата е закажана за 3 декември.

Просечна плата од 88.787 денари во ИТ секторот, во угостителството само 35.447 денари – на што се должи тоа?!

Растот на просечната нето-плата се должи на повисоките исплатени плати во секторот „снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“, каде што е забележан раст од 11,6%.

Басани од Светска банка: Народна банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски сектор

Басани нагласува дека осумдесетгодишнината на Народната банка е потсетник дека силните институции се градат со постојани вложувања, професионализам и континуитет низ генерациите.

“Комерцијална” влегува во трка за купување на „Алта банка“

Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Доколку акциите не се продадат, предвидени се дополнителни аукции на 1, 2, 3, 4 и 7 декември, при што почетната цена на секоја следна аукција ќе се намалува за 10 проценти во однос на претходната

To top