Бизнис

(Видео): Значително зголемен интерес за СЕПА-плаќањата од страна на компаниите и граѓаните

Граѓаните умерено предничат во однос на компаниите во користењето на услугите преку СЕПА, при што над 60% од нивните плаќања во евра се извршуваат преку СЕПА. Кај бизнис-секторот, најмногу ги користат извозно-увозните компании коишто имаат редовни трансакции со партнери во Европската Унија. Речиси половината од плаќањата во евра на домашните компании кон земјите членки на СЕПА веќе се вршат преку СЕПА.

По приклучувањето на земјата кон СЕПА (Единствената област за плаќања во евра) во октомври 2025 година, се забележува значително зголемен интерес и користење на услугите од страна на компаниите и граѓаните. Според податоците на Народната банка од банките, повеќе од половината од бројот на плаќања во евра кон земјите членки на СЕПА веќе се вршат преку платежната шема за кредитни трансфери во СЕПА, истакна Игор Величковски, директор на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи во интервјуто за „Блумберг Адрија“.

Тој посочи дека граѓаните умерено предничат во однос на компаниите во користењето на услугите преку СЕПА, при што над 60% од нивните плаќања во евра се извршуваат преку СЕПА. Кај бизнис-секторот, најмногу ги користат извозно-увозните компании коишто имаат редовни трансакции со партнери во Европската Унија. Речиси половината од плаќањата во евра на домашните компании кон земјите членки на СЕПА веќе се вршат преку СЕПА.

Иако станува збор за релативно нова услуга, очекувањата се дека таа сѐ повеќе ќе се користи, напоредно со зголемувањето на информираноста и довербата, промената на навиките и унапредувањето на дигиталните канали од страна на банките. Со приклучувањето кон СЕПА се овозможија значително поевтини, побрзи и поедноставени плаќања во евра. Конкретните ефекти врз надоместоците зависат од банката и каналот на плаќање, но тарифите на деветте банки коишто во октомври се интегрираа во СЕПА укажуваат на значително намалување на трошоците.

  • „Кај граѓаните, за електронско плаќање од 500 евра кон земјите од СЕПА, просечниот банкарски надоместок се намали шесткратно — од околу 26 евра преку кореспондентски банки на околу 4 евра преку СЕПА. Во зависност од банката и каналот на плаќање, одредени банки овозможуваат и електронски одливни плаќања со провизија од само 1 евро. Кај компаниите намалувањето на трошоците е уште поизразено. За плаќање од 20.000 евра кон земјите од СЕПА, просечниот банкарски трошок се намали за осумпати — од околу 77 евра на приближно 9 евра. Ова директно придонесува за зголемување на конкурентноста на компаниите, преку намалување на трансакциските трошоци и подобрување на ликвидноста“, нагласи Величковски.

Интеграцијата во СЕПА значи дека прекуграничните плаќања во евра постепено се изедначуваат со условите што важат во Европската Унија, што претставува значаен чекор кон понатамошна финансиска интеграција и унапредување на платниот систем.

Целото интервју во продолжение.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top