Тема: СМС

Ниту Тошковски не е „поштеден“ од системот „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски возејќи кон Кавадарци на партискиот конгрес добил смс порака за сторен сообраќаен прекршок констатиран од системот „Безбеден град“, бидејќи се движел со 1 км/ч над дозволената брзина.

Ако продолжиме неодговорно, ќе го прегориме „Safe City“, снимени 1.000 нерегистрирани коли, 5.000 поминале на црвено

По 24 часа од тестирање на системот за следење на прекршоци во сообраќајот, има за жал разочарувачки податоци. Вторите 12 часа поминаа речиси идентично, па во првиот ден камерите регистрираа 110.000 прекршоци. Забележани се 1.000 нерегистрирани возила, 5.000 поминувања на црвено, а над 90% од прекршоците се пречекорување на брзината.

To top