Тема: стабилност

Основната каматна стапка останува на нивото од 4% и покрај притисоците од надвор

Движењата во монетарниот сектор и натаму се солидни. Податоците за депозитите и кредитите на банките во февруари 2026 година упатуваат на натамошно јакнење на депозитната база на банките. Кредитната активност и натаму расте, но забавено, умерено над очекувањата за првиот квартал од годината.

Финансиската стабилност на Македонија е зачувана

Макроекономскиот амбиент е поповолен, но и натаму е неизвесен. Трговската неизвесност, геополитичките тензии, нарушувањата во синџирите на снабдување и непредвидливоста во политиките создаваат зголемени ризици за светската економија, а посредно и за домашната економија. Како мала и отворена економија, земјава е чувствителна на надворешни шокови. Сепак, ефектите од овие ризици засега се оценуваат како ограничени, а отпорноста на финансискиот систем на шокови е значително зајакната.

Премиерот на Хрватска, лидери од Италија, Шведска, Словенија, Германија и ЕНП со силни пораки за ВМРО-ДПМНЕ

Според партиски извори, ова е најсилниот меѓународен „ветер во грб“ што ВМРО-ДПМНЕ го добила на партиски конгрес во последната деценија, сигнал дека Македонија повторно се позиционира како земја со предвидлив политички курс и европска ориентација.

Влада: Буџетот е стабилен и ликвиден

Според нив, реализацијата на приходите и расходите се одвива согласно планот и годишната динамика, со традиционално најголема активност во последниот квартал од годината – правило кое, како што посочуваат, секој што ја следи фискалната политика го знае

Макрон цврсто на функција: Стабилноста на Франција е во моите раце

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска категорично ја отфрли можноста за поднесување оставка, нагласувајќи дека ќе остане на функцијата за да обезбеди континуитет и стабилност во земјата.

To top