Бизнис

Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитална адекватност, ликвидност и профитабилност. Довербата на граѓаните и компаниите се потврдува преку постојаниот раст на депозитите, дури и во услови на зголемена неизвесност.

Народната банка и во иднина ќе биде целосно посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност, со јасна подготвеност за справување со сите предизвици што произлегуваат од надворешните ризици, истакна гувернерот Трајко Славески во интервју за емисијата „Трилинг“. Тој посочи дека институцијата внимателно ги следи економските движења, особено во услови на зголемена светска неизвесност и засилени ризици од надворешното окружување. Како главен предизвик го издвои неизвесното геополитичко опкружување и неговото потенцијално влијание врз економијата. Енергетските шокови веќе се одразуваат врз цените, особено кај нафтените деривати, со постепено прелевање и во останатите сектори, што создава ризици за инфлацијата.

Во вакви услови, Народната банка води претпазлива и внимателна монетарна политика, со постојано следење на состојбите и подготвеност за навремена реакција доколку се појават дополнителни инфлациски притисоци или други нарушувања.

Гувернерот посочи дека иако претходно постоеле услови за постепена нормализација, особено со оглед на намалувањето на инфлацијата којашто во февруари се спушти на 2,9%, новите светски ризици наметнуваат повнимателен пристап и будност во водењето на политиките.

Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитална адекватност, ликвидност и профитабилност. Довербата на граѓаните и компаниите се потврдува преку постојаниот раст на депозитите, дури и во услови на зголемена неизвесност.

Истовремено, стабилноста на домашната валута и солидното ниво на девизните резерви обезбедуваат дополнителна сигурност и можност за интервенција доколку е потребно.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top