Муцунски – Ландау во Брисел: Потврдено македонско-американското стратегиско партнерство
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија нагласува дека на средбата двајцата соговорници ги потврдиле блиските и пријателски односи меѓу двете земји, како и силната и конструктивна соработка со САД како македонски стратегиски партнер. „Разговорите опфатија и теми поврзани со улогата на САД во стабилноста и развојот на Западниот Балкан. Нагласка беше ставена на соработката во рамките на НАТО и нејзината важност за колективната безбедност.“ – посочува Министерството.