Просечната плата расте, а синдикалната кошница се празни, алармира ССМ
Сојузот на синдикати на Македонија потсетува на својот пресметан минимум: за едно четиричлено семејство, потребни се најмалку 65.173 денари за месечни трошоци. Доколку домаќинството плаќа кирија или отплаќа кредит за стан, сметката скока на околу 80.000 денари. Тоа значи дека една просечна плата не покрива ни две третини од синдикалната кошница, а во многу семејства и понатаму само еден член формално носи плата дома.