Македонија

Николоски: Автопатот Охрид-Кичево ќе биде целосно готов до крајот на 2026 – Имавме попречување од финансиерот на објектот!

Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година, најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Според него, проектот бил оставен во целосен застој, а Владата затекнала состојба без ниту еден метар асфалт и со сериозни проблеми во реализацијата и финансирањето.

– Ако тргнувате од Кичево, тогаш на крајот на оваа година или почетокот на следната година, автопатот ќе биде завршен. Кога бевме изгласани како Влада имаше нула метри асфалт – рече Николоски во гостување во поткастот „Ноќно студио“. Активната работа на терен, додаде тој, почнала дури од октомври 2024 година.

Николоски посочи дека за година и половина се реализирани повеќе активности отколку во целиот претходен период. Тој потенцира дека Владата се соочила со сериозни проблеми со финансирањето од страна на „Ексим Банка.


– Реков дека за проблемите ќе зборувам кога ќе го завршиме, но морам да споменам еден проблем со кој што се соочивме, а тоа е дека имавме класична опструкција од финансиерот на проектот. Имено, овој проект кога е договаран, е договорен да се финансира со кредит од кинеската „Ексим Банка“. Имајќи предвид дека ние ги зголемивме активностите, побаравме оваа банка да ослободи 175 милиони евра и бевме одбиени. Најдоа образложение преку допис од претходната влада, дека не се потребни дополнителни средства. Точно, затоа што тогаш не се работело и не биле потребни. Затоа, заедно со премиерот и министерката за финансии, ние веќе имавме сработено сценарио, а тоа е финансирањето да го обезбедат домашните комерцијални банки. Така што ова беше еден голем удар за проектот, но не дозволивме да се почувствува во реализацијата – истакна Николоски.

Во врска на цената, тој нагласи дека проценетата вредност изнесува 13,5 милиони евра по километар. Според Николоски, тоа го прави како сè уште г најефтиниот автопат, што моментно се гради во Македонија и во регионот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски-Гутереш: Oдлична соработка меѓу ОН и Македонија

Како што соопшти канцеларијата на гн-секот на ОН, била истакната одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија, разговарале и за европските интеграции, регионалната соработка и поддршката на мултилатерализмот.

Влегуваме во нова ера на „посебно партнерство“ со Македонија – Алсубуси во интервју за Радио Лидер

Емиратите се сериозно заинтересирани за инвестиции во земјава – во фокусот се инфраструктурата, енергетиката, земјоделството и туризмот, а Сеопфатниот договор за економско партнерство треба да отвори нови можности за трговија и капитал

To top