Тема: ВМРО-ДПМНЕ

Попов: Ќе се финализираат зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура – конечно се реконструираат и студентски домови

На денешната комисиска расправа за Предлог – буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов кој истакна дека буџетот е уште еден доказ за посветеноста на Владата кон младите, со реализација на клучни проекти, реконструкција на студентски домови и мерки за самовработување наменети за сите млади.

Изборот на Трајановски за потпретседател го потврдува влијанието на Заев, Филипче го зацврстува кругот на Заев во СДС наместо да го реформира

Овој потег на Филипче само ја зацврстува перцепцијата дека кадровските одлуки во СДС сè уште се диктираат од Заев. Заев сè уште ја контролира внатрешната структура на партијата.

Муцунски: Филипче и опозицијата треба да се извинат, а не да шират хистерија и критикуваат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија, истакна дека Брисел го толкува процесот на проширување како унификација на Европа со економско, но пред сè безбедносно значење за ЕУ, во услови на сложен геополитички контекст.

ВМРО ДПМНЕ: Филипче продолжува со бугарското сценарио за Македонија! Со Заев прифатија штетен договор и затоа сме сега под уцена и притисок!

„Наша цел е членство во ЕУ. Ќе бидеме подготвени за тоа кога ЕУ ќе биде подготвена да нѐ прими. Во однос на Бугарите имаме јасен и принципиелен став, иако ни носи проблеми и недоразбирања: подготвени сме да разговараме за непречен евроинтегративен процес на нашата земја без несвојствени и непринципиелни барања.“ – нагласува владејачката македонска партија во своето соопштение.

Филипче: СДСМ е единствена партија која може да и парира и да се соочи со ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави создавање на многу поширок, посилен и поорганизиран опозициски фронт во наредните месеци, со вклучување не само на политички чинители, туку и на граѓански организации.

To top