Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Филипче е единствениот, кој сакал да донесе мигранти и како министер на Заев работел да се отвори мигрантски камп во Бардовци! (Видео)

„Единствениот актуелен политичар, кој работел на населување мигранти во Македонија е Венко Филипче. Активно како министер во Владата на Заев во 2018 година Филипче учествувал во донесувањето План за проект за изградба на прифатен центар за мигранти во Бардовци. Во ‘Службен весник на Република Македонија’ на 26.01.2018 година, број 16, страна 189, точка 1.6, пишува: ‘Изработка на државно урбанистичко-планска документација за прифатен центар на странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи на катастарска парцела бр. 35, запишана во имотен лист бр. 2140 за Катастарска општина Бардовци.’. Ова било поминато на Влада и за тоа Венко Филипче гласал со две раце. Овие мигранти, кои тогаш Филипче сакал да ги прими, се истите тие мигранти, кои сега прават проблеми во Европа. Да не беше притисокот од ВМРО-ДПМНЕ тогаш, денес ќе имаше мигранти во Македонија. Венко Филипче и СДС имале партиска и државна политика за населување мигранти. И овој покажан документ е доказ за тоа. Сè додека Филипче е во опозиција, во Македонија мигранти нема да има. Ваквото манипулаторство значи дека крадецот вели ‘Држете го крадецот!’. Така е кога човек со сомнителен морал се прикажува како праведник, а бесчесник-криминалец се претставува како чесен адвокат на правдата.“ – изјави Миле Леков, пратеник во Собранието на Република Македонија и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

!Филипче не е лидер, туку потрчко на Заев, ‘политичар на копче’ кој има единствена улога да го покрива и да го штити неговиот криминал. Тој е социопатски случај на лажго и манипулатор, додека штетата од неговото работење ја плаќаат сите граѓани. ‘Чадната завеса’ за тоа се измислените теми, измислените напади и наводните скандали. Една таква тема е и темата со наводното населување мигранти! На оваа тема се гледа лицемерието, грдото лице на Филипче и неговото манипулаторство и расипаност во политиката наложено од неговиот ментор Зоран Заев. Јасно е дека мигранти нема да има, но Филипче најави протести, измисли декларација и вештачка тема. И додека го прави тоа, целата јавност мора да знае дека Венко Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци.“ – изјави Миле Лефков.

Натаму тој истакна: И декларацијата и темата за мигрантски кампови се обиди само за спас на криминалите на Заев и Филипче. Тој е единствениот политичар во Македонија кој СДС го спушти на 130 илјади гласови, ја направи петта по големина партија во град Скопје, организира протест на измислена тема и нуди декларација за тема што не постои. Му препорачуваме да повика на марш за заштита на зимзелените дрва на Марс. Бидејќи колку што има зимзелени дрва на Марс, толку ќе има и мигранти и тука. Па оттука, нека протестира и за тоа, кога веќе нема друга работа и на ваков расипан, гнасен начин го потценува сопствениот народ. Сме виделе низ нашата историја како држава многу работи, но ваков карактер со вакви психолошки тенденции не сме сретнале. На пат е да го надмине сопствениот ментор. Негова цел е да стане поголем Заев од Зоран – ако тоа воопшто е возможно.

Но, во клиниката на СДС за креирање „заевци“, кои без образ и со низок морал се подготвени сè да направат извршувајќи туѓи агенди и остварувајќи лични интереси, очигледно производството заглавило на истиот модел – Заев 1.0. Народот јасно гледа, а членовите на СДС се срамат од овој двоец кој, освен што го има киднапирано СДС, ја контаминира и Македонија. Предавничко-криминалниот двоец ќе биде декласиран. А стравот од борбата против корупцијата која доаѓа не можат да го сокријат со измислени теми. Смрди од тука до Софија. Бараме да се извини за тоа што ја лажеше јавноста и граѓаните. Сите нивни лаги се распрснаа како меур од сапуница, рече Лефков.

Најнови вести од: Македонија

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на фон дер Лајен, заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Урсула Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина.

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Најнови вести

To top