Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Забеганиот Филипче да заздрави побргу и да не живее во паралелен универзум! Мигранти нема да има!

„Венко Филипче прашува дали ВМРО ДПМНЕ ќе потпише резолуција, која СДС ќе ја предложи за непостојната тема мигранти? Филипче, таква резолуција немате подготвено, ниту доставено. Затоа не можеме да потпишеме ништо. Но, треба да се види во резолуцијата што пишува внатре, можеби ќе пишува изградба на мигрантски камп како во 2018 година, кога токму Филипче гласал за изградба на ваков камп„ – реагираше ВМРО ДПМНЕ денес.

„Навистина сме загрижени за здравјето на Венко Филипче: човекот сосема забега! По денешната прес-конференција увидовме дека човекот живее во некој сопствен универзум, во кој само тој си верува. Му посакуваме да заздрави побрзо и да престане да живее во паралелен универзум. На денешната прес-конференција Филипче  зборуваше за случај во соседна држава, со кој ние и како држава и како политичка партија немаме никаква поврзаност. Ова докажува дека Филипче забегал со своите ставови!“ – реагираше ВМРО ДПМНЕ.

Натаму владејачката македонска партија истакнува: Филипче постави прашање за непостојна тема: дали во Македонија ќе има мигранти? На тоа прашање доби одговор од претседателот на Владата Христијан Мицкоски, но и од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. Дополнително секојдневно на прес-конференции одговараме дека мигранти во Македонија нема да има. Сепак, Филипче денес пак праша: дали ќе има мигранти? Се чудиме дали воопшто стигнува до него нашиот одговор, но еве пак да му кажеме: мигранти нема да има.

Тој говори за синоќешниот упад во една новинарска редакција, но ВМРО-ДПМНЕ веднаш го осуди тој чин и отфрла било какви поврзаности со тој случај. 

Да сумираме: му посакуваме на Филипче побрзо да се смири и да заздрави. Му штетат на здравјето ваквите лажни размислувања, што кои ги има и кои ги пласира во јавноста. Нека си поднесе оставка, нека се оттргне криминалот од СДС, со тоа што луѓе како него, Спасовски, Николовски, Бисера, ќе си заминат од партијата. – завршува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top