Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење не е рестриктивен, европски е, а над 45 отсто од возрасните пушат!
Предлог-законот за заштита од пушење, кој се очекува да стапи во сила на 1 март, не е рестриктивен, тој е европски. Станува збор за воспоставување на европски стандарди за заштита на здравјето, изјави за МИА министерот за здравство Азир Алиу. Преку податоците кои ги добивме од Светската здравствена организација над 45 проценти од возрасната популација пуши, што ја става нашата земја меѓу земјите со највисока стапка во Европа според начинот на користење на цигари или некаков вид тутунски производи, рече Алиу.