Ѓорѓиевски: Нема компромис со загадувачите – казнети се правни лица до 53 илјади евра, а десеттици граѓани до 500 евра!
„Денеска се одржа вонредна седница на Советот на градот Скопје, посветена на загадувањето на околинскиот воздух и неговите причинители. По подолго време за овие прашања се дискутира искрено и без политиканство, со цел да се преземат конкретни активности, а не само да се ставаат проблемите под тепих. Се согласувам со сите излагања на советниците. Овој проблем бара посветеност, конкретни акции и заедничка одговорност. Загадувањето не е проблем кој се решава преку ноќ, ниту е создаден од сегашниот систем, но сега е наша обврска да делуваме и да го направиме Скопје почист и поздрав за сите.“ – објави на својот официјален фејсбук-профил градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.