Хроника

Македонска државјанка повредена во судир со елен во Аљаска, во кој загина Бугарин

Повредената Македонка е на возраст од 24 години и е префрлена во локалната болница

Државјанка на Република Македонија на возраст од 24 години е повредена во сообраќајна несреќа во американската сојузна држава Аљаска, во која возилото во кое се превезувала удрило во лос што им излегол на патот.

Во незгодата, која се случила во 1 часот по полноќ во петокот на автопатот во близина на влезот во Националниот парк „Денали“, кадешто се наоѓа највисокиот врв во САД, загина возачот Бугарин на иста возраст, јави локалната телевизија КТУУ.

Повредената е префрлена во Меморијалната болница „Фербенкс“.

 

Најнови вести од: Хроника

Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“! – А што бидна со речиси 10 милиони евра?!

Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека не се чувствува виновен за делото што му се става на товар во случајот за злоупотреби во АД „Државна лотарија“.

To top