Македонија

Димовски: Да не ја мериме независноста само со годините зад нас, туку со државата што ќе ја оставиме по нас

Македонија мора да биде држава која привлекува, а не разделува, порача поранешниот пратеник во честитката за 8 Септември

Поранешниот пратеник Илија Димовски се придружи на честитките за 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.

„Тоа што е слобода, за нас се вика Македонија.

Тоа што е праведност, за нас се вика Македонија.

Тоа што е цел, за нас се вика Македонија.

Слободата на секој Македонец, каде и да живее, посебно оние во другите делови на татковина е суштинско дел од смислата на македонската независност.

Нашата обврска денес е Македонија да ја градиме како зрела конкурентна демократија, држава на знаење, образование и развој, држава што го почитува човекот, ја штити слободата и создава можности за генерациите што доаѓаат.

Македонија мора да биде држава која привлекува, а не разделува.

Да не ја мериме независноста само со годините зад нас, туку со државата што ќе ја оставиме по нас.

Честит Ден на независноста на Република Македонија!“, напиша Димовски на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Даниловски: Одложувањето на БСЖ- вакцината е мерка на претпазливост

Донесен е заклучок времено да се одложи БСЖ-имунизацијата до добивање целосни информации за сериите, нивниот квалитет и евентуалната поврзаност со појавата на несаканите реакции кои се појавија во Хрватска, вели епидемиологот

To top