Архива за: 21.05.2025

Сериозна модернизација на Македонски Железници – ќе има воз и до скопскиот аеродром

Инвестициите во инфраструктурата, особено во Железницата на Коридорот 10, остануваат сериозен предизвик на Владата, откако се стави потпис на Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија. Според директорот на МЖ Инфраструктура, целосно ќе се обнови постојната траса на пругата за возовите да возат со брзина од 160 километри на час за патничкиот сообраќај. Ќе се […]

Можно ли е од вишок струја, Македонија да остане без електрична енергија?!

Македонија мора да вложува во електропреносниот систем за да може да го прифати новото производство на електрична енергија кое доаѓа од вложувањата во обновливи извори, посебно од фотоволтаичните централи. Или да гради базни електрани кои ќе ја намалат опасноста од испади на системот, објави Плусинфо. Во спротивно ќе мора да издава помалку дозволи за енергетски капацитети […]

„Инфошќип“: Масовните напуштања од АА и противења на излегувањето од Вреди и Владата се бидејќи Таравари погрешно раководи со АА!

„По повеќедневната напнатост и едноподруги заминувања од Алијансата за Албанците, конечно и Арбен Таравари, лидерот на оваа политичка партија изреагира преку општествената мрежа фејсбук. Паѓа в очи не само емотивниот тон во неговата објава преку фејсбук, туку и неговата неможност да изнесе подлабока политичка анализа на ситуацијата: наместо да го стори ова, тој одбра симболичен […]

Маршираме против топовите на европското лицемерие, сењор Кошта!

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Скопје потврди дека Европската унија засега цврсто стои во одбрана на позициите на својата членка Бугарија во спорот со Македонија. Португалецот својот став го соопшти грубо, со зборовите; „Она што е договорено е договорено и нема повеќе што да се договара. Сега треба да се исполни тоа што […]

Нетпрес: Излезот на Таравари од владата не влијае врз нејзината стабилност, туку ѝ ги зацврстува позициите, оти излезе можниот дестабилизатор!

„Излегувањето на Арбен Таравари од Владата нема апсолутно никако да се одрази од врз нејзината стабилност на Владата. Дури, уште повеќе, се чини дека би се зацврстила во позициите, откако од неа истапува можниот дестабилизирачки чинител!“ – оценува информативната агенција Нетпрес во својата анализа со наслов „Пребегот на Таравари не допира до стабилноста на Владата“. „Нетпрес“ пишува: […]

И Крис ли не ви чини, бе?! – Пишува Роберт Димитриевски

„Крис Павловски не знае да збори македонски, а американската амбасадорка знае. Кој повеќе ја сака Македонија?“, прашува некој си „Владко од Виница“ на социјалната мрежа Икс. Прашање е колку знае да „збори“, наместо да зборува, македонски и твитерџијава со име во кое нема едначење по звучност по примерот на многу попознатиот Љубчо од Делчево, но […]

За „Велтвохе“ „рибата од главата смрди’, а главата на ЕУ е Урсула Лаен“! ЕУ-судот пресуди за „Фајзергејт“, но како ќе се спречи „корупциската смрдеа“?!

Пишува: Свето Тоевски „Пресудата на Европскиот суд на правдата против претседателката на Европската комисија Урсула Лаен во аферата ‘Фајзергејт’ им обезбедува политичка муниција на  широк спектар на критичари. Оваа пресуда му нанесува голем срам на нејзиниот углед, со оглед дека сѐ се случи само неколку месеци, откако Лаен јавно вети дека ќе ги брани стандардите […]

Мицкоски: Прашајте во Обвинителството дали ќе преземе мерки против Османи

Запрашан дали ќе има ли мерки против поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи за продажба на македонскиот идентитет и за предавство на националните интереси, премиерот Христијан Мицкоски денеска со одговор: „Ако некој превзема мерки, тоа е Обвинителството. Јас нема тука што да додадам. Тоа е независен орган. Би требало тоа прашање да им го […]

Заменик министерката за одбрана, Елфете Исмаили, поднесе оставка

Заменик-министерката за одбрана, Елфете Исмаили од крилото на Алијанса за Албанците на Таравари, објави дека поднела оставка од функцијата. Исмаили им се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски и на Арбен Таравари за укажаната можност. „Денеска поднесов неотповиклива оставка од функцијата заменик-министер за одбрана на Република С. Македонија. При вршењето на оваа функција, се водев од […]

Нетанјаху: Израел ќе ја контролира цела Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека Израел ќе го контролира целиот Појас Газа и ќе ја спречи милитантната исламистичка група Хамас да ја ограбува помошта, пренесе Ројтерс. Тој рече дека неговата влада мора да избегне глад во палестинската енклава бидејќи Израел ќе ја изгуби дипломатската поддршка од своите „најголеми пријатели во светот“. Нетанјаху нагласи дека […]

Кој бездушник ги искршил сликите на 5-те штипјани кои загинаа во пожарот во Кочани

Сликите на петмината починати штипјани од трагедијата во Кочани кои беа поставени на плоштадот „Слобода“ во Штип, утринава беа пронајдени искршени пренесува телевизија МНЕТ. Ова е нечовечки и бездушен потег кон споменот и сеќавањето на трагично починатите млади животи што згаснаа во најголемата трагедија што ја погоди Македонија во поновата историја.

Трамп денес ќе се слушне со Путин за крај на војната во Украинa

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за мирот во Украина, додека европските лидери бараат Кремљ да прифати итен прекин на огнот за да се стави крај на најсмртоносниот конфликт во регионот од Втората светска војна. Војната во Украина е најсериозниот конфликт меѓу Русија и Западот од Кубанската ракетна криза […]

To top