Македонија

Заменик министерката за одбрана, Елфете Исмаили, поднесе оставка

Заменик-министерката за одбрана, Елфете Исмаили од крилото на Алијанса за Албанците на Таравари, објави дека поднела оставка од функцијата. Исмаили им се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски и на Арбен Таравари за укажаната можност. „Денеска поднесов неотповиклива оставка од функцијата заменик-министер за одбрана на Република С. Македонија. При вршењето на оваа функција, се водев од […]

Заменик-министерката за одбрана, Елфете Исмаили од крилото на Алијанса за Албанците на Таравари, објави дека поднела оставка од функцијата.

Исмаили им се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски и на Арбен Таравари за укажаната можност.

„Денеска поднесов неотповиклива оставка од функцијата заменик-министер за одбрана на Република С. Македонија.

При вршењето на оваа функција, се водев од институционална посветеност, транспарентност и одговорност кон граѓаните и државниот интерес. Мојата оставка е резултат на длабинска лична и професионална проценка, верувајќи дека ова е неопходен чекор и во согласност со моите убедувања.

Сакам да изразам благодарност до премиерот, г-дин Христијан Мицкоски, за довербата и можноста да бидам дел од тим кој носеше важни одговорности во чувствителен период за одбраната и безбедноста на земјата.

„Исто така, посебна благодарност му упатувам на претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, за поддршката и довербата што ми ја даде достојно да ја претставувам партијата и нашето општество на оваа висока позиција“, се наведува во соопштението на Исмаили. Телеграфи

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top