Архива за: 30.05.2025

Општина Тетово го одложи процесот за промена на имињата на улиците

Со 27 гласа „за“ и ниту еден „против“, Советот на општина Тетово стави мораториум на работата на Комисијата за имиња на улици. „Шест месеци пред датумот на локалните избори што се очекуваат во втората половина на октомври, според законот, процесот е суспендиран и продолжува по изборите“, рече Билал Касам, градоначалник на Тетово. И покрај суспензијата […]

Милановиќ: Европа не е и нема да биде една држава

Хрватскиот претседател вели дека Европа не е држава и дека никогаш нема да биде тоа, мислејќи притоа, веројатно, на Европската унија.. „Разликите меѓу Португалија и Финска се неописливи, треба да се измисли посебен јазик за да се опишат овие разлики и никогаш не може да биде нација и никогаш не може да биде една држава […]

ЕУ ќе го одобри влезот на Бугарија кон Еврозоната од 1 јануари 2026 – Балканот ќе губи, или ќе добива?!

ЕУ ќе ја одобри кандидатурата на Бугарија за усвојување на еврото уште на 1 јануари 2026, со што таа ќе стане 21. членка на еврозоната. По долгогодишно чекање, неколкумина официјални лица изјавија за „Политико“ дека се очекува Европската комисија и Европската централна банка (ЕЦБ) конечно да дадат зелено светло во извештајот, што ќе биде објавен […]

Секој втор Бугарин е против воведувањето на еврото како валута за плаќање

Секој втор анкетиран бугарски граѓанин е против воведувањето на еврото, се наведува во најновото истражување на „Евробарометар“. Според истражувањето, 50 проценти од Бугарите се против воведувањето на еврото, додека 43 проценти го поддржуваат овој чекор, објавува порталот Новините. Резултатот ја става Бугарија меѓу петте земји од Европската Унија каде што мнозинството граѓани се против приклучувањето […]

Русија може да удри по Германија ако Украина ја нападне со ракети „Таурус“, предупреди висок руски функционер!

Русија би можела да одобри напади врз Германија ако Украина добие и ја нападне со германски крстосувачки ракети „Таурус“, предупреди висок руски претставник. Претседателот на Комитетот за одбрана на Државната дума, Андреј Картаполов, инсистира дека оружјето бара германска воена помош за да функционира. Шпекулациите дека Германија би можела да ја снабди Украина со ракети „Таурус“, […]

Манев со Риека до двојната круна во Хрватска

Македонскиот фудбалски репрезентативец сезонава ја заокружи со двојна круна со Риека, откако четири дена по втората шампионска титула го освоија и шестиот Куп на Хрватска со победата од 1:0 во реваншот на свој терен со Славен Белупо на ексрепрезентативецот Илија Несторовски за вкупни 2:1 во финалето. Централниот одбранбен играч роден пред 24 години во Кочани […]

Добар сигнал за бизнисот: Се намалуваат царините и се либерализира трговијата со САД

Со измени на Законот за царински тарифи треба да се намалат 67 царински стапки за одредени стоки кои како суровини или репроматеријали се користат во домашната индустрија, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриoска-Кочоска. Предлог-законот предвидува да се изврши намалување на царинските стапки до 50 проценти од нивото на царинските стапки кои важат во ЕУ, со […]

(Видео): Како да се вработат над 16.000 граѓани преку деветте стратешки мерки?!

Над 16.000 граѓани ќе можат да се вработат преку девет стратешки мерки. Ова го предвидува оперативниот план на Владата за 2025-та. Поддршката за самовработување опфаќа три категории. Првата е невработени до 29 години, има опфат од 720 лица и финансиска рамка од 615.000 денари. Втората е невработени над 29 години која опфаќа 610 лица со финансиска рамка од 430.000 денари […]

Приоритет на Народна банка ќе биде ниска инфлација, рече новиот гувернер откако ја презеде функцијата

Ниска и стабилна инфлација, финансиска стабилност, поддршка на политиките на Владата – професорот Tрајко Славески избран за нов гувернер на Народна банка. Изборот на Славески се случи доцна синоќа, за него гласаа 68 пратеници, а 16 беа против. Економијата ќе остане стабилна со фиксен девизен курс на денарот во однос на еврото. Трајко Славески застана […]

Мицкоски: Без Македонец во бугарскот комитет за малцинства – нема Бугари во Устав

Ова од говорница на денешната седница за пратенички прашања го порача премиерот Христијан Мицкоски. „ Не знам дали сте знаеле, ама во Бугарија има Комитет за малцинства во кој членуваат претставници на Роми, Турци, Ерменци. А, ние Македонците, кои имаме 14 пресуди во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, не заслуживме место во тој […]

Во сабота повеќе скопски населби ќе бидат без вода

Неколку скопски населби ќе се соочат со делумен прекин на водоснабдувањето во сабота, информира ЈП „Водовод и Канализација“–Скопје поради приклучувањето на нов магистрален водоводен цевковод, што е дел од поголем проект за унапредување на водоснабдителниот систем во главниот град. Без вода, од раните утрински часови, ќе бидат Визбегово, бул. „Босна и Херцеговина“, Чаир, Топанско Поле, […]

Орбан: Мицкоски ја штити европската јужна граница од миграцијата

„Нашиот македонски херој Христијан Мицкоски победи на изборите иако цел Брисел го поддржуваше неговиот противник. Тој е чуварот на тврдина која ја штити европската јужна граница од миграцијата. Да живее Македонија“, изјави премиерот Орбан на отворањето на конзервативната CPAC конференција во Будимпешта, на која утре треба да се обрати и Мицкоски. Меѓу другите гости на […]

To top