Македонија Регион

Мицкоски: Без Македонец во бугарскот комитет за малцинства – нема Бугари во Устав

Ова од говорница на денешната седница за пратенички прашања го порача премиерот Христијан Мицкоски. „ Не знам дали сте знаеле, ама во Бугарија има Комитет за малцинства во кој членуваат претставници на Роми, Турци, Ерменци. А, ние Македонците, кои имаме 14 пресуди во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, не заслуживме место во тој […]

Ова од говорница на денешната седница за пратенички прашања го порача премиерот Христијан Мицкоски.

„ Не знам дали сте знаеле, ама во Бугарија има Комитет за малцинства во кој членуваат претставници на Роми, Турци, Ерменци.

А, ние Македонците, кои имаме 14 пресуди во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, не заслуживме место во тој комитет, а тие заслужија место во нашата Преамбула.

Додека не видам таму Македонец кој е дел од тој комитет, нема ни милиметар да мрднам додека сум премиер“, порача премиерот

Во врска со уставните измени, Мицкоски истакна дека обврската за нивното спроведување ја презела претходната влада со прифаќањето на Францускиот предлог.

Тој рече дека актуелната влада изработува стратегија како да го надмине овој предизвик, но без да се отвораат нови барања и отстапки.

„Кога го имате овој факт, седнувате како влада и правите стратегија. Гледате што добиваат граѓаните и државата.

А, кога министерот за надворешни работи на источниот сосед ќе каже дека ова е само почеток, а не крај на барањата – тогаш е јасно дека мора да се размислува државнички“, изјави премиерот.

Говорејќи односите со Европската Унија, Мицкоски го најави извештајот на европскиот известувач за Македонија, кој вклучува признавање на засебен македонски идентитет и јазик.

Тој го оцени ова како историски момент, бидејќи за првпат Европскиот парламент ќе гласа за таков документ, и ги повика пратениците од опозицијата да лобираат кај нивните европски колеги за негово усвојување.

Сепак, премиерот предупреди дека и покрај поддршката од некои европратеници, реакциите од бугарска страна и поднесените амандмани не влеваат оптимизам.

„Ќе видиме дали европратениците од Бугарија ќе се однесуваат проевропски, или како што досега покажуваат – како од Средниот век“, изјави Мицкоски.

Гласањето по извештајот во Европскиот парламент се очекува во јули, а во меѓувреме, според Мицкоски, Владата останува цврсто на позицијата – нема уставни измени без реципроцитет од Бугарија и без јасно видлива промена на нејзиниот однос кон македонското малцинство.

Најнови вести од: Македонија Регион

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top