Архива за: 19.09.2025

Квалитетот на воздухот во Трубарево во рамки на дозволените граници

Досегашните резултати од мерењата покажуваат дека сите просечни вредности за масена концентрација на честичките PM₁₀ се движат во рамките на законски дозволените граници и досега не е регистрирано надминување на утврдените прагови, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

Уставниот суд не поведе постапка против правилникот на ДИК – кандидатурите за градоначалници со само 2 потписа се уставни и законски

Поднесители на иницијативата до Уставниот суд против правилникот на Државната изборна комисија се Здружението „Светски македонски конгрес“ од Скопје, застапувано од претседателот Тодор Петров, и Стевче Стојанов.

Првото училиште во Подвис беше упориште на македонскиот идентитет! Ако не се подобри наставата по мајчин јазик, ќе се разниша и македонската свест кај децата!

„Ако продолжи да тоне наставата по македонски јазик, последиците ќе бидат несогледливи: изгубено чувство за јазик, осиромашена култура на изразување, разнишана свест за македонскиот идентитет и сосема загубен интерес кај новите македонски поколенија за изучување и проучување на мајчиниот македонски јазик!“ – предупредува проф.д-р Елка Јачева-Улчар од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

За кои трговци има постапки пред институциите, кои девијантно се однесувале?!

Коментирајќи ги укажувањата на земјоделците дека прекупците и трговците имаат голема заработка и оти крајната цена за граѓаните е многу висока, Мицкоски рече дека цените со кои земјоделците ги продаваат своите производи се историски највисоки, но оти трговците ставаат нелогична маржа.

Обвинителите и полицијата влегоа во опожарениот објект за отпад во Трубарево

Во бели скафандери, со заштитни маски на лицата, истражители и обвинители влегоа во изгорениот магацин во Трубарево.  Се фотографираа и се снимаа остатоците  со дрон, се земаа примероци. Се собираат докази на лице место, но се истражува како се проширил до степен да го загади цело Скопје. Се бараа докази која била иницијалната каписла за […]

Трговијата во индустријата пораснала за 13-14% во јули споредено со истиот месец лани, вели премиерот

Кога зборувам повеќе надвор, зборувам за повеќе од 15% и тоа е единствен резултат во Европа каде што имаме толку силна, зголемена трговија во индустријата. И тоа е добар показател, бидејќи јули е првиот месец од третиот квартал, вели премиерот.

Независен кандидат со само два потписа: Денес Уставен суд решава за контроверзната одлука на ДИК

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска треба да одлучува за уставноста и законитоста на контроверзниот Правилник на Државната изборна комисија (ДИК) за постапката на собирање потписи за поддршка на кандидатски листи од група избирачи на претстојните локални избори.

ЗНАМ: Родители добиваат закани да молчат за случајот со наркоманскиот шприц во градинката во Центар

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија (ЗНАМ) остро реагира на скандалниот случај во Јавната установа за деца „13 Ноември“ во скопската општина Центар, каде деца пронашле употребен наркомански шприц во дворот каде што играат.

To top