Македонија

Лажна бременост вредна 18.000 евра: Го убедила партнерот од Косово дека ќе стане татко за да ѝ испраќа пари

Е.Р. го довела партнерот во заблуда дека е бремена и дека детето е негово, тој и поверувал

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 33-годишна жена од селото Дебреше, гостиварско, поради сомнение дека со измама од својот партнер од Косово добила 18.000 евра.

Според МВР, Е.Р. го довела партнерот во заблуда дека е бремена и дека детето е негово. Верувајќи во тоа, тој во неколку наврати преку брз трансфер на пари ѝ испратил вкупно 18.000 евра.

Подоцна, според пријавеното, жената признала дека го лажела дека детето е негово со цел тој да ѝ испраќа пари.

Против неа е поднесена кривична пријава за „измама“.

Најнови вести од: Македонија

To top