Македонија

Август заминува со екстремни горештини

До следниот понеделник (31 август) во Македонија ќе проолжи влијанието на топлотниот бран кој продира од југ, односно од Африка

Токму ова ќе услови и понатаму да имаме многу топло време со температури кои ќе бидат над просекот за крајот на месец август, објави метеорологот Славчо Попоски.

„Особено во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија очекувам и понатаму ноќите да бидат тропски, односно температурите во овие предели ниту во текот на ноќта нема да се спуштаат под 20 степени. Максималните дневни температури пак насекаде во Македонија ќе надминуваат 30/32 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија температурите ќе се искачуваат близу 40 степени.

Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 19 степени, а максималната температура во погоре споменатиот период ќе се искачува во интервалот помеѓу 37 и 38 стпени.

Во поглед на врнежите пак, и во текот на целата оваа недела продолжува релативно сушниот период, а само локално во попладневние часови можна е краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Барем одсега гледано, поголема нестабилноаст можна е за време на викендот (29/30 август)“, објави тој.

Според некои сајтови специјализирани за временска прогноза, температурите можат да бидат и повисоки:

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top